ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев потврдува дека Радмила Шеќеринска повеќе нема да биде број два во партијата,

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, потврдува дека Радмила Шеќеринска повеќе нема да биде број два во партијата, по нејзина одлука. Тој рече дека заедно соработувале на важни процеси и дека Шеќеринска е меѓу најзаслужните за процесите на интеграција. Тој негира дека ова има врска со можни судири во партијата, по скандалите со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Advertisements

Најавата дека нема да се кандидира за потпретесдател на партијата, ја најави вчера Шеќеринска.

Таа негираше дека се подготвува за амбасадорка во Вашингтон. Гласините ги нарече шпекулации. Ова беше негирано и од премиерот.

Шеќеринска е дел од СДСМ од 1998 година. Во периодот 2002-2006 година беше вицепремиерка, а во периодот 2006-2008 година беше претседателка на партијата.  Неколку мандати беше и пратеничка. Ова е нејзин втор мандат како потпретседателка во партијата на Заев. Конгресот на СДСМ е на 16 мај.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button