Заев повтори: „Веќе не знам што треба да решаваме со Бугарија“

Премиерот Зоран Заев го повтори ставот дека во спорот со Бугарија веќе не е јасно каде лежи проблемот. Сепак, тој додава дека дијалогот треба да продолжи, бидејќи според него, ЕУ за С. Македонија претставува светост. Премиерот додаде дека земјава одамна е подготвена да го реши проблемот со Бугарија.
Но, вака не мислат во Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Би било нелогично да се очекува позицијата на Бугарија да се смени во наредните месеци“, се вели во последно соопштение од Софија. Оваа изјава на бугарското МНР доаѓа како одговор на очекувањата дека бугарскиот пристап ќе биде поразличен од сегашниот во следните 6 месеци. Бугарската дипломатија потсетува дека ниту една влада не би се осмелила да ги изневери, како што наведоа, околу 90.000 Македонци кои имаат бугарско државјанство.
МНР на Бугарија
„Би било нелогично да се очекува дека позицијата на Бугарија ќе се промени. Оваа позиција е изградена на натпартиска основа и ужива 84% јавна поддршка. Не заборавајте колку бугарски граѓани се потомци на иселеници од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на С. Македонија, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада нема да може да ги изневери овие луѓе.“
Анекс на Договорот за добрососедство од 2017 година не би значело решавање на отворените прашања меѓу двете земји. Софија инсистира на тоа дека нивните услови се дел од преговарачката рамка за Македонија.
МНР на Бугарија
„Немаме ниеден аргумент за да веруваме дека друг потпишан документ може да ја смени практиката за непочитување на меѓународните услови.“
Бугарската дипломатија својот став го заснова со очекувања за реален и солидарен пристап од следното претседателство со ЕУ, она на Португалија.
Adrian Kerimi