МАКЕДОНИЈА
Заев: При следното отворање на Уставот „20 проценти“ ќе се замени со – Албанците

При првото наредно отворање на Уставот терминот „20 проценти“ ќе биде заменет со терминот – Албанците, рече премиерот Зоран Заев во неговото вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат.
„При следното отворање на Уставот, ’20-тте проценти во државата…’, се знае дека се Албанците. Ние немавме право сега, оти кога го отворате Уставот, го отворате поради причината, тоа е Преспанскиот договор, кога ќе дојде време да го отвориме Уставот, за било која причина, ’20-тте проценти’ ќе ги пишеме Албанците. Затоа што Албанците се 20-тте проценти. Нема други од 20 проценти во државата“, рече Заев.