ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: СДСМ не гледа проблем во личните карти да стои и етничката определба

СДСМ не гледа никаков проблем во личните карти да биде запишана и етничката определба, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев. Како што кажа тој, СДСМ таквиот став го имал уште при донесувањето на уставните промени.
„Ние сме мултиетничко општество, кадешто покрај државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, граѓаните се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби…сите етнички заедници во државата и немаме проблем во документ за лична идентификација да го има и тоа право“, рече Заев.