Заев: Тетовската болница треба да добие нови директори во ноември

Тетовската болница треба да добие нови директори во ноември, тврди премиерот Зоран Заев. Двајцата директори поднесоа оставки по пожарот во модуалрниот КОВИД центар, во кој изгореа 14 лица кои што беа во објектот. Разрешувањето и поставувањето на нови раководни лица било стопирано поради изборите и забраната да се преземаат вакави потези во изборен циклус. Од одговорност за трагичниот случај се спасија министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, откако обвинителството објави дека причина за пожарот е продолжен кабел на кој биле приклучени дефибрилатор и мобилен телефон.
„Самиот начин на поднесување на оставката на двајцата директори од тетовската болница колку што сум јас информиран се неотповикливи. Знаете дека Изборниот законик забранува да во време на избори се именуваат личности. Јас очекувам во ноември месец по завршување на изборите, вториот круг завршува на 31 – ви октомври, да бидат поставени новите раководни лица“, рече Зоран Заев, премиер.