ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев тргна во лов на албански партии за во Владата

Adrian Kerimi

Премиерот Зоран Заев имаше телефонски разговор со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Информацијата за Алсат ја потврдија и извори од СДСМ, од каде велат дека лидерот на социјалдемократите му понудил на Гаши да избере ден кога сакаат да седнат и да разговараат за проширување на парламентарното мнозинство. Алсат побара став од Гаши за да го потврдиме телефонскиот разговор и евентуалната средба, но засега не добивме одговор. Алтернатива, во меѓувреме, го свика потесното претседателство за да разговара за понатамошните чекори. Неофицијално, Алтернатива ја разгледува можноста да биде дел од владата, но ваквата информација ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат. Гаши во петочното гостување во Алсат рече дека се подготвени да преговараат за влез во Владата само ако на неговата партија ѝ се даде конкретна понуда. Гаши нагласи дека понудата да стане дел од мнозинството ќе му биде соопштена и на коалициониот партнер, со кој соработката продолжува.

Алтернатива

„Нашата коалиција со Алијанса, иако формално е потрошена по локалните избори, реално нема никаква промена. Продолжуваме да комуницираме и да ги координираме нашите опозициски политички постапки.“

Извори на Алсат велат дека на Алтернатива ќе ѝ биде понуден владиниот пакет од Движењето Беса. Тоа значи Министерството за земјоделство и двајца заменици-министри во култура и образование. Во рамките на централната власт, на Алтернатива ќе ѝ бидат понудени и дирекциите со кои моментално раководи партијата на Биљал Касами. Преговорите за проширување на парламентарното мнозинство ќе се водат неделава и на почетокот на следната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button