ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев утре во Софија, ке има средба со Радев

Еден ден пред средбата во Софија со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Зоран Заев повтори дека не е премногу оптимист дека може да се постигне договор со Бугарија во рок од една недела. Како пречка за ова, Заев го потенцира фактот дека Бугарија има техничка влада. Одговарајќи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот ќе ги предаде македонскиот јазик и идентитет, Заев рече дека двете прашања не се дел од преговорите со официјална Софија.
Лидерот на опозицијата Мицковски повторно ja обвини четвoрката Заев, Бучковски, Османи и Димитров на социјалните мрежи дека подготвуваат уште едно предавство.

Четворката предводена од Зоран Заев ќе прифати сè што подоцна мора да се постигне со доаѓањето на новата Влада во Бугарија. Во прашање се националните и државните интереси. Заев дава подарок што скапо ќе ја чини нашата држава. Апелирам до македонскиот народ да биде внимателен, свесно и паметно да не дозволи ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров – изјави Христијан Мицковски, ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Никола Димитров и специјалниот претставник за разговорите со Бугарија Владо Бучковски, во четврток ќе отпатуваат за Софија на средби со претставници на најголемите политички партии и шефот на државата на Бугарија.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button