ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев во Софија, средба со бугарски претставници

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев отпатува за Софија со конкретен предлог за решавање на спорот меѓу двете земји. Тој се сретна со лидерите на политичките партии и премиерот Стефан Јанев. Билатералните прашања, рече Заев, треба да се решат билатерално.

Advertisements

 Бугарскиот премиер рече дека можностите за решение се отворени. Додаде дека сериозно ќе го разгледа предлогот на Скопје без да даде детали за содржината. Бугарија, рече Јанев, ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија.

 Констатиравме дека во моментот имаме прозорец на можности за да работиме на решавање на прашања за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Ние сега даваме приоритет на создавање атмосфера на доверба, пријателство и дијалог што ќе им помогне на експертите и политичарите да најдат решенија. Во рамките на овој дијалог, прво треба да ги решиме проблемите меѓу нас, за да не создаваме проблеми во европското семејство“.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов за време на состанокот со Заев рече дека напорите на оваа посета ќе бидат залудни. Сепак, смета дека договор треба да има.

 Убеден сум, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денес, особено Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат да сторат ништо. Тој повторно ќе ја префрли одговорноста пред парламентот како и порано. Актуелната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Да направат нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, тие ќе избегнат одговорност, како и секогаш. Во исто време, ги лажат евроатлантските партнери дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“.

Заев се сретна и со бугарскиот претседател Румен Радев, со кого средба имаше и на НАТО Самитот во Брисел..

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button