ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: За деблокада на Парламентот во опција и прогласување вонредна состојба!

Средба утре меѓу премиерот Зоран Заев, претседателот на парламентот Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде последниот обид да се најде решение за деблокирање на законите што заглавија во Собранието. Средбата се очекува да се одржи пред седницата за пратенички прашања, а Заев не ја исклучува ниту можноста за прогласување вонредна состојба.

Advertisements

Во меѓувреме, лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, излезе со понуда до власта. Пред седницата за пратенички прашања да биде закажана седница со четири точки на која тие се подготвени да создадат кворум.

„Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан за ваквата понуда на Мицкоски, Заев рече дека прифаќа сè што е во интерес на граѓаните и што нуди брза можност за деблокирање на законите.

Во меѓувреме, Институтот за демократија, „Социетас Цивилис“ во реакција оценува дека блокирањето на Собранието на овој начин го нарушува угледот на институцијата, која има голема одговорност во управувањето со кризи и контролата врз извршната власт. Институтот смета дека треба да се стават ограничувања во парламентарниот Деловник за да се балансира можноста за користење на средства за спречување на донесување закони (на пр. Филибастеринг) и функционалноста на законодавниот дом; зајакнување на контролата врз законите донесени под „европско знаме“ и со скратена постапка.  Да се овозможи работа на пратениците „онлајн“, како и во повеќето парламенти во светот; Практиката на блокирање на седници поради несогласување со парламентарното мнозинство мора да заврши. Неодамнешниот преседан на целосно блокирање на не само еден, туку и на сите закони поради неодобрување на единствен законски предлог е неприфатлив акт што оди директно против државата и јавниот интерес. Политичкиот дијалог за решавање на кризата главно треба да се одвива во Собранието. Лидерските средби се нетранспарентни форми за решавање на политички спорови. Згора на тоа, тие го делегитимираат Собранието“, се вели во реакцијата на Институтот.

ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА, „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“

  • треба да се постават ограничувања на Деловникот на парламентот, за да се создаде рамнотежа и да се обезбеди функционалност на законодавниот процес;
  • да се зајакне контролата врз законите донесени под „европско знаме“, и со скратена постапка;
  • да се овозможи онлајн работа на пратениците
  • треба да заврши практиката на блокирање на седници поради несогласување со парламентарното мнозинство;
  • политичкиот дијалог за решавање на кризата главно треба да се одвива во Собранието;
  • лидерските средби се нетранспарентен формат на решавање на политички спорови, го делегитимираат Собранието и ја негираат улогата на чувар на суверенитетот на секој граѓанин.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button