Заев за вонредната состојба: Нема опасност од правна криза, системот има решенија

Што ќе се случи ако во следните месеци повторно се појави потреба за прогласување вонредна состојба со 2/3 од гласовите во Собрание, прашува премиерот Зоран Заев откако опозицијата одби да гласа за изминатите пет одлуки на претседателот. Според Заев, гласовите „против“ на опозицијата за да се потврди вонредната состојба што беше на сила од март до јуни, нема да предизвика правна криза.
Опозицијата сега зборува за можноста да покрене импичмент за претседателот Стево Пендаровски, зашто периодот на вонредна состојба бил злоупотребен од власта.
Во отсуство на функционално Собрание, претседателот Стево Пендаровски пет пати по ред прогласи вонредна состојба за справување со пандемијата. Според Уставот, одлуките на претседателот треба да ги потврди и Собранието со 2/3 од гласовите, но во него не се прецизира што ќе се случи ако мерките кои веќе биле спроведени и се завршени не добијат 2/3 од гласовите.
Фатлуме Дервиши