МАКЕДОНИЈА
Заев: Задоцнувањето на вакцините, предност за нашата земја

Премиерот Зоран Заев изјави дека доцнењето со пристигнувањето на вакцините во земјава послужило за „добро“ затоа што во меѓувреме е проверен нивниот ефект врз здравјето на луѓето, односно за можните несакани ефекти што може да ги има вакцината. Ваквата изјава ја даде додека одговараше на прашањето за снабдување со вакцините Астра Зенека што треба да стигнат оваа недела преку механизмот Ковакс.