ВЕСТИЗДРАВСТВО

Загадениот воздух дополнително го ослабува имунитетот

Загадениот воздух е штетен за сите луѓе, пa дури и за животните. Последиците од загадувањето ги трпат и здравите луѓе, но најмногу пациентите со белодробни заболувања. Најранливи групи се децата и старите лица. Овие пациенти за време на загадувањето на воздухот имаат отежнато дишење, болка во градите, кашлање и кивање.

Advertisements

Во периодот кога е загаден воздухот, Клиниката за пулмологија е исполнета со пациенти кои страдаат од белодробни заболувања, бидејќи загадениот воздух го отвора патот за други вируси.

Пулмолозите велат дека секој треба да биде индивидуално заштитен од загадениот воздух. Децата и постарите лица кои имаат белодробни заболувања треба да ги намалат излегувањата кога воздухот е загаден и да носат маски. Дополнително се препорачуваат чести прошетки на планините.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button