ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадениот воздух во Скопје не попушта, инспекцијата најде запалени огнови

Загадениот воздух не попушта. Се гушиме во ситните и штетни ПМ честички. Тие и утрово се над нормалните граници. Кавадарци е рекордер. Таму во еден момент изминатово деноноќие беа измерени 471 ПМ 10 честички во воздухот – девет пати над дозволеното. Екстремно отровен воздух дишеше и во скопската населба Лисиче со 407 микрограми. Слично е и во други делови на градот.

Advertisements

200 микрограми ПМ10 честички покажува мерната станица во Карпош 4 во Скопје. Тоа е четири пати над дозволената граница на загаденост. Аерозагадувањето во главниот град го има и во текот на целиот ден.

И додека вчера во Скопје воздухот беше неподнослив, инсекторите на градот регистрираа намерно запален оган на неколку локации. Во Топанско Поле, Вардариште, Маџари и Горно Лисиче, населби каде загадувањето е високо.

Граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух, велат од Град Скопје.

За да се активираат итните мерките за загадувањето два дена по ред аерозагадувањето на две мерни места во Скопје треба изнесува 175 микрограми.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button