ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадување на воздухот, главно од домаќинствата

Загадување на воздухот, главно од домаќинствата

Греењето на домаќинствата е главниот фактор што придонесува за загадувањето на воздухот, заедно со горивата за автомобили. Ова е заклучокот на надзорната расправа за загадувањето на воздухот, на која петти ден се дискутира за ефектите од загадувањето и мерките за заштита на јавното здравје.

Advertisements

Премиерот Мицкоски се согласува дека граѓаните горат што ќе им дојде при рака кога станува збор за греење на своите домови, но вели дека немаат други алтернативи. Според него клучен приоритети на Владата е системот за централно греење и се надева дека во следните неколку години домаќинствата ќе имаат можност да се поврзат на овој систем. Како една од мерките која би можела да се спроведе многу наскоро, тој ја спомена набавката на 120 електрични автобуси.

Во врска со проблемот со градежната прашина, Мицкоски ги повика градежните компании да ја зголемат дисциплината за време на градежните работи, а воедно ги охрабри граѓаните да поднесуваат жалби доколку забележат девијантно однесување./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button