Загадувањето на воздухот продолжува да ги загрижува граѓаните

Концетрацијата на опасните Пи-Ем честики во Скопје и понатаму останува висока. Скопје денеска беше на 14-то место на листата на најзагадени градови во светот. Министерот за екологија Изет Меџити рече дека е познато дека најчести причинители на загадувањето се индустриите и домаќинствата. Меџити нагласи дека инспекторите се на терен и ќе бидат изречени парични казни за сите одговорни.
„Се работи интензивно, Владата веќе презема мерки, инспекторите се на терен, ќе има и казни. Но, треба да се зголеми бројот на инспектори, бидејќи тој е мал број за да се покрие цела Македонија“, рече Меџити.
Советникот на премиерот за животна средина рече дека Владата има планирано програма за намалување на аерозагадувањето.
Со почетокот на грејната сезона, загаденоста на воздухот очигледно е зголемена, особено во градот Скопје, кој е меѓу градовите со најголемо загадување во светот.
Линда Ебиби