ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадувањето на воздухот се искачи и девет пати над дозволеното

Заспавме и се разбудивме во загаден воздух. Аерозагадувањето ги надминува нормалните граници. Најмногу загаденост вчеравечер имаше во Кавадарци, над девет пати од нормалната граница на ПМ 10 честичките. Загаденоста во Гостивар беше над седумпати, додека во скопската населба Лисиче шест пати над дозволеното. Опасните честички беа присутни во воздухот и преку целиот ден.

Advertisements

Сезонава покрај од корона вирусот треба да се штитиме и од аерозагадувањето. Ситните ПМ честички во воздухот предизвикуваат сериозни забалувања како малигни, тешко дишење, воспалување на белите дробови како и кашлање.

Надлежните велат дека решенија има но тие се уште само на хартија. Преземањето на инспекциските служби под надлежност на Градот, што според  скопскиот градоначалник е едно од решенијата и натаму е само желба. И за другите опции допрва ќе се преземаат мерки.

„Решавање на јавниот транспорт со што ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилискиот сообраќај. Кога ќе го воведеме тој концепт, а сме на самиот крај, некаде после нова година се објавува јавната набавка, и тоа ќе се имплементира до крај на 2021 година. И третата за мене многу важна компонента е организирано затоплување на домовите“, вели градоначалникот Шилегов.

Надвор речиси сите со маски, граѓаните пред сè се штитат од вирусот. Сите не се оптимисти дека маската ќе ги заштити и од аерозадаувањето.

– Ќе ве заштити ли маската од загаден воздух?

„Не знам да ви кажам. Мене ме заштитува, за другите не знам. Ние сме сами за себе одговорни. Не треба никој да очекува дали Владата треба да преземе, туку самиот за себе“…

„Јас не живеам тука во Радишани живеам. Почисто е таму, не е како тука“, велат анкетираните граѓани.

Според анализите на Министерството за екологија лани во ноември најзагадено било кај Ректорат каде биле измерени 90 микрограми ПМ честички. Кај Лисиче каде вчера загадувањето беше шест пати над дозволеното лани не работела мерната станица. Годинава не работи таа кај Ректоратот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button