ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадувањето со смртни последици

Загадувањето со смртни последици

Поради загадувањето на воздухот бројот на жртвите е околу две илјади смртни случаи годишно. Според податоците на Институтот за јавно здравје, ПМ честичките во воздухот предизвикале смрт на повеќе од 4 илјади луѓе во периодот 2019-2021 година, додека во текот на годините 2020-2022 смртноста на населението поради загадениот воздух починале повеќе од 3 илјади луѓе, што претставува 15,7 отсто од вкупната смртност.

Advertisements

„Проценките на Институтот за јавно здравје за влијанието на воздухот загаден со ПМ честички за периодот 2019-2021 година покажуваат дека секоја година во Северна Македонија 4175 луѓе починуваат како резултат на изложеност на концентрации на ПМ честичките, што претставува 17 проценти од вкупната смртност во земјава. Изразено во норма, сегашните нивоа на загаденост на воздухот се припишуваат на 348,4 смртни случаи на 100.000 жители. Најновите проценки за 2024 година кои се однесуваат на периодот 2020-2022 година изнесуваат 3.493 смртни случаи, што претставува 15,7 отсто од вкупната смртност. Изразено во норма, годишно 291,4 луѓе на 100.000 жители го губат животот поради квалитетот на воздухот“, велат од Институт за јавно здравје.

Скопјани и покрај тоа што се свесни и им пречи загадениот воздух, претпочитаат да користат автомобили наместо поеколошко превозно средство како што се велосипедите.

Еологистите оценуваат дека граѓаните би можеле да користат повеќе велосипеди доколку се создадат инфраструктурни услови.

Владата одобри акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи. Овој план предвидува зголемени контроли на возилата, посебен режим на сообраќај за тешки возила, намалување на употребата на службените возила, ослободување од работа на бремени жени, лица над 60 години, лица со малигни заболувања и хронична астма./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button