ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загадувањето во Струга од депонијата и каменоломот во Лабуништа

Загадувањето во Струга од депонијата и каменоломот во Лабуништа

Иако со години, стружани алармираат до институциите да почнат да го мерат квалитетот на воздухот кој го дишат, тоа остана само на празни ветувања. Стравувањата се дека главни фактори кои влијаат врз загадувањете освен греењето на домаќинствата, сообраќајот се и градската дива депонија, и работата на каменоломите кои ги има во некои од населените места. На градската депонија секоојдневно се трупаат стотици тони најразновиден смет, која е со големина на четири фудбалски игралишта. Сега во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“, на дваесет локации ќе бидат поставени мерни инструменти, за мерење на квалитетот на воздухот кој стружани го дишат.

Advertisements

„Посебно загрижувачки беше кога депонијата интензивно беше запалена и кога сите бевме сведоци на негативното влијание, но и кога не е запалена таа претставува извор на загадување на воздухот, но и на почвата и подземните води.Сите имаме перцепција дека тука ни е езерото, тука се и планините и сега она што го дишиме како воздух е во рамките на дозволеното, но мерењата го покажуваат спротивното и токму од таму е стравот дека можеби и стружани ја делат истата судбина со големите градови“, рече Никола Кукунеш-граѓански активист.

„Најпосочена локација беше Лабуништа, каде има голем број на каменоломи и каде ПМ честичките претпоставуваме дека ќе бидат со зголемен обем и на локациите околу депонијата во Струга. Се надеваме дека ќе најдеме начини во околината на овие локации да поставиме инструменти.Ќе поставиме 20 инструменти на цела општина Струга, но ќе поставиме по 3 или 4 инструменти, каде сметаме дека има најголемо загадување“, изјави Маријан Главинчески- координатор на проектот Воздухот на граѓаните.

Податоците за квалитетот на воздухот, односно висината на ПМ честичките, влажноста и температувара на воздухот ќе бидат достапни на отворена интернет мрежа и истите ќе се обновуваат на секои 15 минути.Исто така ќе биде отворена т.н зелена канцеларија, каде граѓаните ќе може да се алармира за секое нарушување за квалитетот на воздухот./Алсат.мк

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button