ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загина 60-годишен маж од Виничко: со тракторот излетал од патот

Загина 60-годишен маж од Виничко: со тракторот излетал од патот

Вчера во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Advertisements

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button