МАКЕДОНИЈА
Загинатиот планинар на Шар Планина бил Белгиец

Полицијата и Центарот за управување со кризи го лоцираа и извлекоа мртвото тело на белгискиот државјанин, кој синоќа падна во провалија од 700 метри додека се искачувал на Титов Врв на Шар Планина. Станува збор за белгиски државјанин со алжирско потекло. Во негово друштво бил 24-годишен кумановец со иницијали Ф.Н кој ја пријавил несреќата. Од ЦУК соопштуваат дека теренот каде што двајцата имале незгода е тежок, со наврнат снег и со мраз. При спасувачката акција бил повреден и еден полицаец.