Заглавени возила, патот не се чисти, проблеми на патниот правец преку Галичица
Заглавени возила, патот не се чисти, проблеми на патниот правец преку Галичица

Со години никој не се грижи за патниот правец кој преку Националниот парк Галичица води до Отешево. Тој во текот на зимскиот период не се одржува. Поради тоа голем број патници се соочуваат со проблеми, особено ако на некои места заглават во снег. Од планинарско-спасителната служба во Охрид велат дека некогаш поминуваат и по 90 километри за да извлечат заглавени граѓани.
„Нема никаква реакција и за жал да бидам искрен се чувствуваме злоупретбени и искористени не само од оние коишто се несовесни и не ја почитуваат патната сигнализација, туку и од државните институции кои на крајот се прогласуваат за ненадлежни и единствени сме ние кои одиме да импровизираме, да извлекуваме возила, да правиме работи кои што апсолутно не се во наш домен“, рече Антонио Додевски-планинско-спасителна служба Охрид.
Повеќе од две години, вели Додевски, не се реализира барањето до Министерството за транспорт и националниот парк за да се постават рампи за физичка забрана на патниот правец. Поради наноси од снег тој на зима е многу ризичен за користење.
„За жал од министерството немаме никаков одговор, значи ниту може, ниту не може. Два пати по ред и 2022 и 2023 испраќаме писмено барање, не се одважуваат ниту да ни одговорат“, нагласи Антонио Додевски-планинско, Спасителна служба Охрид.
Од почетокот на годинава од спасителната служба имале 11 интервенции за заглавени возила. Но, вината е и на самите граѓани, кои иако знаат дека патот не е безбезбеден на зима и не се чисти, тие сепак го користат. Изминативе години во неколку наврати од надлежните институции беше кажано дека патот не се чисти преку зима затоа што е економски неисплатливо, односно по него се движат многу малку возила./Alsat.mk
Мики Трајковски