ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Загреб: Демонстрантите сакаа да влезат во ХРТ, полицијата ги блокираше

„Не ви ги даваме нашите деца“, извикуваа демонстрантите на најмасовниот протест досега во Загреб против ковид-рестрикциите. Протестот, кој започна од две локации, заврши на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“, а дел од демонстрантите потоа се упатија и кон зградата на јавниот радиодифузен сервис ХРТ.

Advertisements

Таму ги дочека интервентната полиција, која им го блокираше влезот во зградата. Пред ХРТ учесниците на протестот упатуваа навреди кон новинарите и инсистираа да разговараат со директорот, а нивниот протест да се пренесува на програмата.

Незадоволни како националната телевизија известувала за нивниот протест, пред седиштето тие извикуваа: „Сакаме избори“, „Референдум и владеење на народот“, „Лопови“, „Измама“ и „Божјиот закон е над сите закони“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button