ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загрижувачки податоци за насилството врз жените во Македонија

Загрижувачки податоци за насилството врз жените во Македонија

Алармантни податоци за насилството врз жените во С Македонија. Според МВР, само во првите 6 месеци од годинава биле евидентирани 517 кривични дела поврзани со семејно насилство. Само во првите 3 месеци се случиле три убиства на жени. Од 2017-2022 година, во С Македонија се регистрирани 22 случаи на убиства на жени и девојки. Жени кои биле жртви на семејно насилство ги повикуваат институциите сериозно да ги третираат пријавите и бараат поефикасна борба за спречување на убиствата.

Advertisements

„Има многу малтретирани жени, апелирам до полицијата да не се шегува, сериозно да си ја сфати работата, кога ќе се случи најлошото, тогаш е доцна. Имаме два нови случаи каде имавме жртва од Косово како Лиридона која ја уби нејзиниот сопруг. Другиот случај е 14-годишното девојче Вања од Скопје каде нејзиниот татко учествувал во ова убиство. Да не дојде работата до тоа“, рече една жртва на насилство.

Заменик-народниот правобранител, Сузана Салиу ги охрабрува жените да го осудат насилството и да не молчат.

„Не можам да кажам дека бројот на семејно насилство е зголемен или не, но можам да кажам дека е зголемен бројот на пријави за семејно насилство. Во овој случај, целта на медиумите и наша цел е да работиме за човековите права, да ги охрабриме сите, не само жените, туку сите што се сметаат себеси за семејна жртва да ги пријават случаите“, изјави Сузана Салиу, Заменик народен правобранител.

По грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, родителите се загрижени за безбедноста на своите деца. Салиу во интервју за Алсат рече дека по овој случај сите треба да бидат повнимателни.

„Добро е да се биде повнимателен. По случајот на Вања, по ова ужасно убиство, сите да бидеме повнимателни. Дури и институциите, особено училиштата, особено родителите, но мислам дека сите треба да бидеме повнимателни“, нагласи Сузана Салиу, заменик народен правобранител.

Семра Мусаи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button