Загрижувачко ниво на загаденост во Полошкиот регион

Поради густиот сообраќај, за гревањето но и палењето на забранети материјали од некои фабрики загадувањето на воздухот во Полог е од аларамнатни размери.
Експертите велат дека треба да има повеќе инспекции за да се откријат главните виновници.
„Од системот за мониторинг забележавме дека оние кои ги надминуваат параметрите на загадувањето, како што се честичките ПМ10 и ПМ 2,5, главно се испуштаат од согорување и фосилни горива. Оние кои користат запаливи средства за греење, како што се фирмите кои користат запалив производствен отпад за греење, мора да бидат под надзор на општинскиот инспекторат“, рече Хасан Идризи, универзитетски професор.
Како резултат на тоа, според Институтот за јавно здравје во Тетово, расте бројот на починати и лица со болести на дишните органи.
„Младите и постарите се изложени на многу поголем ризик, особено од појава на разни болести на респираторниот систем и препорачувам луѓето да носат маски каде што е висока контаминација и да консумираат повеќе течности и храна со витамини“, вели Мимоза Жаку, лекарка.
За зголемувањето на нивото на загаденост на воздухот придонесе и ширењето на пожарите, кои во овој период беа на отворени средини.
Башким Сулејмани