ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загубите на вода се алармантни

Загубите на вода се алармантни

Во време на се поголеми суши и сериозни проблеми со недостаток на вода со кои многу македонски градови и села се соочуваат се почесто, загубите на вода во Македонија изнесуваат алармантни 63,2% велат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Според нив бројките се повеќе од загрижувачки, што го отежнува и работењето на целиот овој сектор.

Advertisements

„Да имате толкави загуби, значи дека вашата инфраструктура е пред колапс. Факт е дека заради немање на инвестиции имаме толку големи загуби во мрежата во водоводните претпријатија во цела држава. Се должи на стара инфраструктура, на неинвестирање, се должи на тоа што имаме голем број на приклучоци за кои што нема поставено соодветно мерење, односно комерцијални загуби и сето тоа придонесува да имаме една ваква лоша ситуација“ – Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Загубите се поради стара инфраструктура и и на неинвестирање

Според експертите мапирањето на подземните мрежни системи, намалувањето на загубите на вода, како и правењето на подземен катастар се едни од најзначајните работи, кои претпријатијата мора да ги имаат, ако сакаат да имаат успешно управување со водоснабдителните системи

„Во спротивно доколку ние не ги управуваме водоснабдителните системи тие ќе не управуваат нас и тоа ќе биде на сметка и на крајниот корисник, изразено преку повисоките сметки на услугите кои ќе ги плаќаат, но може да се соочиме во догледно време и со недостаток на обезбедувње 24 часовно континуирано снабдување со вода за пиење.Новите дигитални алатки, во многу можат да допринесат да се изврши квалитетно снимање на водоснабдителните мрежи, и да се добијат реални податоци на зоните на притисок“ – Ѓорѓи Христов- експерт.

Ако не се запрат загубите на вода, повисоки сметки

Само во Струга дури 61,7 % од вкупниот капацитет на вода, од водоснабдителниот систем во 2024 година, струшки Водовод не успеал да ги наплати. Но директорот, Дашмир Насуфуи вели дека загубите се 30 %. Причина за тоа се дефектите и времето на нивна поправка, стар водоводен систем, неможност за брза евиденција на дефектите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button