ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Загубите од крадење на струја достигнуваат и до 100 милиони евра

Загубите од крадење на струја достигнуваат и до 100 милиони евра

Над 100 милиони евра се загубите од крадење на струја . Од ЕВН велат дека најпроблематични региони каде неовластено се користи струја во поголем процент се Арачиново, Грчец, Сарај, Синѓелиќ, Серава, и Студеничани.

Advertisements

„Околу 5% од електричната енергија се користи неовластено, односно се краде. 5% е околу 300.000 мегаватчасови. Сите загуби на електрична енергија, техничките загуби и комерцијалните загуби (кражби) ЕВН ги набавува на отворен пазар по пазарни цени. Ако земеме пазарна цена 300 евра по МwH (во моментот оди и до 500 евра по МwH), трошоците за кражба на струја се над 100 милиони евра“, велат од ЕВН.

Загубите се намалени на 50% од 2006 година па наваму. Од компанијата практично признаваат дека дел од загубите од кражбата на струја се пресметуваат на сметките на сите останати граѓани.

„Неприфатените загуби од кражба на електрична енергија се на сметка на ЕВН – Електродистрибуција, додека дел од загубите се пресметани во цената на електричната енергија според методологијата за пресметување на електричната енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика“, додават од ЕВН.

Од ЕВН се жалат дека не можат да го регулираат користењето и плаќањето на струјата во некои региони бидејќи нивните вработени се соочуваат со вербални и физички напади, оштетување на опремата и аларми, но и недоволна поддршка од полицијата за координирана интервенција.
Дебатата за плаќање на сметките и кражбата на струја се актуелизираше изминативе денови кога жителите на Арачиново пријавија дека неколку дена немаат струја во целото село. Од компанијата велат дека се работи за дефект предизвикан од големото оптоварување на трафостаниците.За жителите ова било лага за да се даде лоша слика за селото. Оние кои зборуваа пред камера тврдеа дека се редовни плаќачи на сметки и дека во селото нема масовна кражба на струја. Загубите од користењето струја во општина Арачиново се и до 80 отсто./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button