РЕГИОН
Захариева: Бугарија и Србија не водат студена војна во Македонија

Бугарија не води војна сигурно. Ниту со Република Северна Македонија, ниту со Србија, ниту со кој било друг дел од светот, но, не е тајна дека силното влијание на Белград во Скопје секако има тенденција кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институции, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, во интервју за за бугарски „24 часа“, на прашањето дали Софија и белград водат студена војна во Македонија.
Бугарија лани во декември стави вето на преговарачката рамка на Европската унија со македонија, со образложение дека Скопје не го почитува Договорот за добрососедство. Освен тоа, Софија инсистира и Македонија да признае бугарски корени на својот идентитет.