ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захариева: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на земјава со исполнување на соодветни услови

Акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, беа една од темите на вчерашната средба во Софија меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Екатерина Захариева. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.

Според бугарското МНР, Захариева на средбата ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови.

– Двајцата министри ја разгледаа заедничката работа за исполнување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година и разговараа за претстојното свикување на меѓувладината конференција, која ќе се одржи кога двете страни ќе го одобрат нацрт-протоколот. Бугарската страна посочи дека според Договорот од 2017 година, на идниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија треба да се направи целосен преглед на спроведувањето на Договорот, да се усвои годишен извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и да се посочат конкретни идни активности за соработка, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button