ВЕСТИРЕГИОН

Захариева: Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е во интерес на Бугарија

Бугарија ги почитува своите соседи и има интерес за европска интеграција на земјите од Западен Балкан, изјави бугарската министерска Екатерина Захариева, при гостување во телевизијата Нова.

Advertisements

Осврнувајќи се на бугарското вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, Захариева потенцира дека поддршката од Бугарија за земјава никогаш не била безусловна.

– Властите во Скопје одамна знаат дека има проблеми што не ги решиле во билатералните односи со нас, рече Захариева, додавајќи дека минатата година за време на последната меѓувладина средба на земјава и биле посочени овие проблеми.

Таа потенцира дека зад ставот на Софија има и „деловни пречки“, како наводно блокирање на бугарски инвестиции во земјава со административни пречки, застојот во изградбата на Коридорот 8, „недонесување на тригодигодишна програма за образование и култура“ од македонска страна и „одбивање на соработка во одбраната“.

Според Захариева, за Бугарија е неприфатливо и „зголемувањето на антибугарската кампања“ во земјава. Таа оцени дека „говорот на омраза“ во земјава не се појавил во последните месеци, туку дека „антибугарската кампања не е запрена“ и секогаш се влошува пред важни моменти.

– Ако сакаат да влезат во ЕУ, мора да се придржуваат до европските вредности. Не мислам дека е добро за граѓаните на оваа земја да бидат воспитани во омраза, додаде Захариева.

Таа негираше дека Бугарија била под притисок на Германија да попушти во однос на преговарачката рамка за земјава, нагласувајќи дека дури и некои во Скопје мислеле оти ќе има да таков притисок врз Софија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button