ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захариева: Не можеме да одобриме старт на преговорите со Скопје додека не добиеме правни гаранции

Додека не добиеме правни гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори со ЕУ, дека ќе дојде до промена на сегашната политика, ние не можеме да се согласиме на одржување на првата меѓувладина конференција и на старт на преговорите за членство со Северна Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Advertisements

– Бугарските национални интереси во Република Северна Македонија се предмет на јавен и политички консензус, пренесувани со генерации во надворешната политика на Бугарија и потврдени во Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година. Оваа Декларација е пример за континуитет и меѓупартиски консензус со што можат да се пофалат само мал број земји. Тоа ни ја даде потребната политичка тежина со цел самоуверено да го браниме нашиот национален интерес во разговорите со Скопје, нагласи Захариева во обраќање пред пратениците на бугарското Собрание, кои ги информираше за најновиот развој на настани во односите со земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button