ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захариева: Цврст консензус во бугарскиот Парламент околу прашањето за односите со РСМ

Позицијата на бугарскиот парламент во однос на темата за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема, ова за БТВ денеска го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во утринската емисија, одговарајќи на прашањето како ги коментира изјавите од Скопје, дека се чека завршување на изборите во Бугарија за да се решат несогласувањата со Софија кои ги блокираат преговорите за членство во ЕУ.

Advertisements

Захариева е категорична дека тоа е апсолутно погрешно.

„Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо“, нагласи Захариева.

Таа рече дека нема ништо тајно од состанокот со специјалниот пратеник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, додавајќи дека бугарската Влада останува отворена и се движи во рамки на Договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button