СПОРТФУДБАЛ

Захариевски: Тежок натпревар, но 3 бода остануват во Охрид

Фудбалерите на Воска Спорт ќе го дочекаат Силекс во рамките на 20. коло на Првата Македонска Фудбалска Лига. Охриѓани по поразот од Шкупи му врачија отказ на Миљан Радовиќ, а сега нов предводник на тимот е Срѓан Захариевски.

Advertisements

Во пресрет на натпреварот против кратовчани, Захариевски ги сподели првите импресии од Охрид, Воска и го најави деби-мечот.

„Атмосферата во тимот е добра, гледам нова енергија. Овие денови бевме фокусирани само на натпреварот против Силекс и работевме само во таа насока. Нè очекува тежок натпревар, каде што поените се важни за двата тим. Се надевам дека ќе бидеме на посакуваното ниво и трите бода ќе останат во Охрид“, изјави новиот тренер на Воска.

Исто како и останатите четири натпревари од ПМФЛ, неделната пресметка на „Билјанини Извори“ се игра во терминот од 14:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button