ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захарова му се извини на Вучиќ: Мојата објава е погрешно протолкувана


Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека нејзиниот пост на Фејсбук, што предизвика критики во Србија, не бил добро протолкуван.

„Се извинувам, но мојот пост е погрешно протолкуван“, сподели таа на социјалните мрежи.

Захарова појасни дека таа сакала да изрази несогласување со, како што вели, „арогантниот став на исклучителните“.

„Триковите за протокол станаа еден од приодите што американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат изглед на сопствената извонредност. И тоа е неприфатливо“, потенцира портпаролката.

Набргу по потпишувањето на договорот за регулирање на економските односи меѓу Белград и Приштина во Вашингтон, на социјалните мрежи започна да кружи фотографија од Вучиќ кој седи спроти неговиот американски колега Доналд Трамп, што подоцна рускиот службеник го искористи во својот пост на Фејсбук.

Захарова објави фотографија на својот Фејсбук профил, на која српскиот претседател Александар Вучиќ седи спроти американскиот колега во горниот дел од сликата, додека американската актерка Шерон Стоун е во долниот дел од фотографијата, во познатата сцена од „Ниски страсти“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button