СПОРТФУДБАЛ

Захов од Воска Спорт преминува кај Беса од Добридол?

Тимот на Беса ја засили голманската позиција со потпишување договор со Костадин Захов (36), досегашниот голман на Воска и легендата на Шкендија, со која освојуваше титули и играше во Европа, трипати во плеј – офот во Лигата на Европа. Покрај Воска и Шкендија, Захов во својата кариера има брането и за Вардар, Брегалница, Хоризонт Т и Беласица.

Се разбира дека ова е големо засилување за клубот од Добри Дол кој најавува дека ќе има уште вакви засилувања во текот на летниот преоден рок.

Беса под водство на тренерот Александар Таневски нема намера да игра епизодна улога во својата дебитантска сезона во ПМФЛ./Sporsport.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button