СВЕТ

Закерберг ќе отпушта илјадници вработени

Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со отпуштање вработени, соопшти извршниот директор Марк Закерберг пред стотици раководители, пишува „Волстрит журнал“ (WSJ). Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени неколку илјади вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Весникот, повикувајќи се на извори, додава дека Закерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата. Тој рекол дека неговиот оптимизам за раст довел до превработеност.

Лори Голер, менаџерка за човечки ресурси на Мета, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата во вид на отпремнина.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87 000 вработени.

Најновите случувања доаѓаат откако Твитер отпушти половина од својот персонал од различни тимови – од оние задолжени за комуникаци и курирањето на содржината до оддели за развој на производи и инженерството – откако Илон Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Меѓутоа, Блумберг во неделата објави дека Твитер контактирал со десетици вработени кои останале без работа, барајќи од нив да се вратат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button