Заклетва на новите унапредени обвинители, коментираше Фатиме Фетаи

Пет обвинители дадоа заклетва и официјално стана виши јавни обвинители. Од денеска, Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми. Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиева се унапредени во скоското вишо обвинителство.
„Позитивен чекор е воведувањето на почетни елементи на транспарентност во процесот на избор на унапредување на јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, каде што сум избрана заедно со сега избраните колеги обвинители“, рече Фатиме Фетаи, Виш јавен обвинител.
Откако заврши церемонијата за петте виши обвинители, во Советот дојдоа петте обвинители кои беа избрани да работат во обвинителството на Вилма Русковска. Од денеска, обвинителството за организиран криминал и корупција е засилено со Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Лиле Стефанова – тројцата од поранешното СЈО, како и Катерина Коларовиќ и Наташа Поп – Трајкова. Сепак изборот на унапредувања, беше разочарувачки за дел од обвинителите кои не беа од оваа група која беше поставена на повисоки позиции.
„Кој треба и во кој момент треба да биде избран, за тоа постои Совет на јавни обвинители и тие имаат право тоа да го кажат. Уште еднаш повторувам, им поскаувам на сите колеги од поранешното СЈО да бидат избрани во најскоро можно време“, додава Фетаи.
Една од незадоволните од изборот беше поранешната специјална обвинителка Ленче Ристовска, која имаше висока оценка, но според Советот на обвинители немала доволно искуство. Инаку, членовите на Советот не образложија зошто е некој избран, а некој не иако имаат иста оценка и што било пресудно за изборот? Алсат го објави конечниот список на обвинители кои ќе бидат унапредени еден ден пред официјалното гласање, со индиција дека СДСМ и ДУИ постигнале меѓупартиски договор кој да биде искачен на повисоко скалило во кариерата.
Бојан Стојановски