МАКЕДОНИЈА
Закон за државјанствo; Адеми: Албанската опозиција предизвика реакција од националистичките кругови во Собранието

Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека иницијативата на албанската опозиција во врска со Законот за државјанство иницира активирање на националистичките кругови во Собранието. Адеми рече дека досега, со сегашниот закон, над 13 илјади Албанци добиле државјанство, но оти според него ДУИ ќе ја поддржи албанската опозиција за овој предлог закон.
„Мислам дека оваа акција на албанската опозиција предизвика контра реакција од националистичките кругови, кои за жал се застапени во Парламентот и ги злоупотребуваат законските механизми предвидени со Деловникот за работа на Собранието“, рече Адеми.