ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Закон за помилување, партиите без став

Парламентарните партии не знаат дека Министерството за правда подготвило нов предлог-закон за помилување. Иако од овој ресор велат дека работните групи веќе подолго време работат на ова законско решение, од партиите велат дека не се запознаени со ваков предлог, па затоа не знаат дали ќе го поддржат или не.

Advertisements

Не сме информирани дека се подготвува или изготвува законско решение за помилување. Ако има, најпрво би сакале да го видиме, а конечен став ќе имаме по анализа на содржината“, ВМРО-ДПМНЕ “

Поддршка или не на овој закон Алијансата за Албанците ќе соопшти откако ќе го разгледаат текстот.

“Ќе се изјасниме дури откако ќе го разгледаме текстот на предлогот“, Алијанса за Албанците

Ниту пратеничката група на ДУИ и партијата Алтернатива не се информирани дека таков предлог постои. Од движењето Беса немаа коментар дали ќе поддржат ваков закон или не. СДСМ не соопшти дали ги известила коалициските партнери за изработката на ваков закон и какви се нивните очекувања кога тој ќе биде предложен до Собранието.

Освен помилување, законското решение предвидува и рана рехабилитација. Раната рехабилитација предвидена со Кривичниот законик значи предвремено укинување на казните кои се предвидуваат за притвори, депортации, правни последици од судењето и расчистување на криминални досиеја. Раната рехабилитација може да се однесува и на парични казни, условни казни, конечна ослободителна пресуда и извршување на наредба за општествено корисна работа. Со предвидените одредби се уредува и правото на повторување на молбата за помилување во согласност со висината на казната.

 

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button