Закон за сеознско ангажирање ќе опфати 20.000 лица
Закон за сеознско ангажирање ќе опфати 20.000 лица

Околу 20.000 лица ќе бидат опфатени со новиот закон за сезонско работно ангажирање, изјави претеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Тој вели дека со ваквото законско решение ќе се реши голем дел од сивата економија. Стојановски вели дека од законот ќе имаат корист и работниците, и работодавачите, но и државата преку наплата на придонеси и даноци.
„Наши пресмети и претпоставки отприлика 20тина илјади луѓе би влегле под оној систем на регулација и со ова би имале бенефит и работодавачите и работниците и државата преку наплаќање на давачките. Ова е важно бидејќи со помошта на овие луѓе кои што денеска се со нас решаваме проблем кои што 34 години бил присутен во македонското општество и едноставно ќе продолжиме во блиска соработка заедно со нив да решаваме други суштински проблеми кои што се важни за граѓаните“, рече Бојан Стојановски – претеник ВМРО – ДПМНЕ .
Давид Оберхубер од германското друштво за меѓународна соработка кои и ги донираат средства за изготвување на системот за регистрација на сезонските работници, вели дека овој закон може драматично да ја намали неформалната работа и да ги зголеми државните приходи.
„ Оваа реформа им служи на сите. Работниците добиваат права и заштита, работодавачите имаат корист од полесен и легален начин за задоволување на барањата за работна сила, а државата гледа зголемување на јавните приходи. Сето тоа преку поедноставен и транспарентен процес“
Марија Ристеска од центарот за истражување и креирање политика, вели дек, рече Давид Оберхубер – Германското друштво за меѓународна соработка.
Со овој закон работодавачите ќе може да ги пријавуваат работниците било каде со лесна апликација за користење.
„ Ќе имаме една лесна за користење апликација на интернет за пријавата и одјава од нива, од вашиот дом, од работното место, кафич на плажа, бачило на скиање и така натаму така да се надевам дека на тој начин ќе овозможиме сепотребната флексибилност за пријава и одјава на повремена и привремена и сезонска работа„, додаде Марија Ристеска – Центар за истражување и креирање политики.
Законот ќе стапи на сила од 01,01,2026,и со него ќе може сите лица кои се или не се во работен однос, студенти и пенизонери да можат да работат сезонски работи без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат.
Ангел Димовски