ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законите за автопатиштата на брза лента

Комисијата за европски прашања во Собранието еден по еден ги разгледува законите кои се однесуваат на изградбата на Коридорите 8 и 10Д, а власта, не сакајќи да губи време, ги враќа на второ читање за усвојување на пленарна седница. Опозициските пратеници велат дека со ваквото забрзување се потврдува дека власта насилно ги турка законите.

Advertisements

По враќање на пленарната седница на законот за работни односи, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се воспоставува опасна правна основа која работодавачите ќе можат да ја користат за да ги принудат своите вработени да работат прекувремено.

Според СДСМ, измените ќе се однесуваат само на проекти од стратешко значење.

Предложените измени на законот за работни односи предвидуваат:

Предлог/закон за работни односи:

„… за работа на проекти од национално стратешко значење за Република Северна Македонија, поради потребата од континуитет на работа, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна писмена согласност од работникот“.

На пленарната седница за збор се пријавија 35 пратеници, главно од опозицијата, а расправата според деловникот може да трае до три работни дена. Од друга страна, во Комисијата за европски прашања продолжува расправата за законот за урбанизам. Европското знаменце помогна за забрзување на постапките за овие закони.

За да ја оправдаат употребата на европскиото знаменце а по критиките на ЕУ, владини извори информираат дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски утре во Црна Гора, ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ. Со овој потег, очекуваат да го ублажат ставот на ЕУ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button