ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Законите за даночна реформа пред Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.
Во Собранието за денеска е закажана уште една седница на Комисијата за европски прашања, на која, пак, треба да се расправа за Предлог законот за адвокатурата и за предложените измени и дополнување на Законот за безбедност на храната и на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија , сите во второ читање.