Законот против коцкање заглавен во Собрание

Министерот за финансии Фатмир Бесими тврди дека не ги чул реакциите за носењето на предлог занконот за игри на среќа по брза постапка, односно со европското знаменце. Бесими вели дека тој како ресорен министер се залага да се носат закони согласно европската регулатива, а со овој предлог закон сакал да ги заштити децата до 18 години да не влегуваат во обложувалниците и казината. Инаку влезот за оваа категорија на граѓани– малолетници во овие објекти и сега е строго забранет, само треба да се почитува.
„Јас не сушнав некоја реакција за овој закон за кој вие прашувате. За другитге промени – за давачките кои ќе бидат повисоки и треба да се регулираат,тие се со цел да не отвораат каде ќе им текне“, вели Бесими.
Од обемниот ангажман, како министер така и како колумнист кој редовно, секоја недела објавува свои писанија на актуелни теми поврзани со финансии и економијата во државата, Бесими не успеал да ги види реакциите ни на претседателот на Македонија Стево Пендаровски, кој побара предлог законот да биде повлечен и доработен. Повлекување побара и претседателот на Австрија како и австрискиот амбасадор во земјава, кои сметаат дека европското знаменце се злоупотребува.
Но, нив Бесими вели дека не ги забележал. Информациите на Алсат се дека носењето на овој закон за игри на среќа има и друга позадина, а тоа е отворање на влез на друга голема странска компанија од соседна Србија. Засега предложеното законско решение е заглавено во собраниските лавиринти неколку месеци и не се знае која ќе биде неговата судбина.
Иле Петревски