ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за државјанство останува блокиран

Предлог-законот за државјанство останува во ќорсокак. Владата размислува да го повлече сегашниот предлог и да го испрати новиот текст со ѕвезда на ЕУ. Според премиерот Зоран Заев, експертите ги разгледуваат директивите со кои се вкрстува предлогот, за да се утврди дали е можно да се предложи со европска ѕвезда.

Алијанса за Албанците и Алтернатива ги повикаа политичките субјекти во Собрание да ја тргнат блокадата и да продолжисостанокот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Предлогот на законот со ѕвезда на ЕУ ќе биде последната опција што би ја разгледале.

Убедени сме дека овој закон се прави и се усогласува со европското право и можноста законот да се разгледа со ѕвезда на ЕУ не е неприфатлива. Продолжуваме да инсистираме законот да биде разгледан во комисијата и апелираме до сите политички субјекти во Собранието да бидат конструктивни и толерантни при донесувањето на овој закон – нагласаи Сирија Рашиди, пратеник на АА.

Шефот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски, вели дека очекува консензус меѓу координаторите на пратеничките групи за свикување на состанок, и да се согласат и да гарантираат дека нема да има пречки и опструкции за време на разгледувањето на амандманите.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button