ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за коцкање власта го крие „во ракав“

Закон за игри на среќа со месеци е заглавен. Од Движењето против коцкањето велат дека иако добиле ветувања од сите политички лидери дека законот наскоро ќе се изгласа, тој веќе 7 месеци е во Министерството за финансии. Властите доцнењето го правдале со политичката криза.

Advertisements

„Шест-седум месеци Фатмир Бесими, министерот за финансии го држи законот, а на секоја собраниска седница ветуваше дека ќе го стави на гласање. Во ваква состојба сме поради состојбата со Владата. Имаме долгогодишни ветувања од сите политички лидери, дека хаотичната ситуација во С. Македонија ќе се надмине со затворање и дислоцирање на игрите на среќа од урбаните центри“, вели Јуши Емрулаи- Движење против игрите на среќа.

За сето ова Алсат се обрати до Министерството за финансии, но одговор не добивме. Во меѓувреме, според Емрулаи, во последниве години се отвораат сè повеќе локали за игри на среќа.

„Особено Тетово, Гостивар, Кичево… таму се коцкарниците…“, додава Емрулаи.

Од Движењето бараат сè додека не се донесе нов закон, градоначалниците да го почитуваат сегашниот каде се вели дека овие локали треба да бидат оддалечени најмалку 200 метри од објекти од јавен интерес. Социолозите постојано предупредуваат дека коцкањето стана искушение за речиси сите возрасни групи и социјални категории. Но, според статистиката, од 2015 година наваму коцкањето донело приходи од околу 300 милиони евра, односно околу 10% од државниот буџет.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button