ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Законот за правична застапеност утре на владина седница

Координаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во законодавниот дом порача дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен, откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи ги за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на Законот за употреба на албанскиот јазик.
На новинарско прашање поврзано со Законот за правична застапеност, Ќоку нагласи дека утре ќе се најде на седница на Влада и дека наскоро се очекува да влезе во парламентарна процедура.