
Новиот законот за привремено и сезонско ангажирање на лица, односно пензионери и лица помлади од 18 години, според пензионерите е добар, но не поради тоа што им се овозможува да работат, туку поради ниските пензии кои ги имаат. Велат, доколку имале пристојни пензии, немало потреба да работат дополнително..
„Да се согласувам, добра е идејата и добар е законот, поради тоа што пензиите се мали па тоа ќе биде дополнително на буџетот и покрај тоа што сме работеле многу години би работеле повторно…“
„Јас мислам дека ова е добро и за пензионерите и за младите се да работат. А, не, готово више 72 години што ќе работам ја толку е моето прошло…“
„Е тука со малолетниците не се сголасувам, бидејќи тие имаат свои обврски и треба да ги обават своите обврски. Меѓутоа кога пензиите би биле доволни сигурно дека јас на 70 години не би сакала да работам туку би сакала да ужувам во последната доба“, рекоа граѓаните.
Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Бојан Стојановски, вели дека ова законско решение задава силен удар во борбата против сивата економија. Вели дека со ова законско решение се унапредуваат и работничките права.
„Лицата ангажирани согласно овој закон нема да ги изгубат веќе стекнатите права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија и правото на редовни студии. Созадаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски или работници ангажирани на одреден период, а со тоа создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд а државата да ги наплати давачките кои што се сега присутни, но во сивата економија“, вели Стојановски.
Законот за сезонски работници, предивидува сите лица кои се или не се во работен однос, самовработени лица, помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, студенти, користици на семејна пензија по основ неспособност за работа и самостоен живот, како и странец коиј има регулиран престој, да можат да работат сезонски работи како земјоделство угостителсво и туризам, без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат од државата, како, пензија, стипендија, како и помош од државата.
Но според Сојузот на синдикатите на Македонијазаконот за работно ангажирање на секонски работници е чекор назад. Тие велат дека со овој закон, работниците наместо на неопределоно работно време, тие се ангажираат на договор на дело и според нив ништо не е постигнато.
Ангел Димовски