ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Законот за сезонско ангажирање работници не го решава целосно проблемот во туризмот

Можноста за сезонско или привремено ангажирање на работници меѓу кои на пензионери и лица помлади од 18 години, делумно ќе ја подобри состојбата со недостатокот на кадар во туристичкиот сектор, но нема во целост да го реши проблемот, бидејки најквалитетните и стручни кадри веќе се заминати надвор од државата, најмногу во Хрватска каде платите се зе неколку пати поголеми. Но новото законско решение сепак е добар чекор што за негово носење веќе подолго време повикуваа и експертите.

Advertisements

„Тоа го имате и во земјите од ЕУ. Мое искуство е Унгарија, каде во недостиг на работна сила се оди кон ангажирање на пензионери. Сметам дека тоа е подобро затоа што сега работниот век се продолжува во светот. И можат да се искористат тие кадри кои се спсобни иако се во подмината возраст за вклучќување во овој процес и со искуствата и знаењето и со својата возраст можат да одговорат на предизвиците“, рече Науме Мариноски, професор на Факултет за туризам Охрид.

Претседателот на Хотелската асоцијација, Крсте Блажески, вели дека ваквото решение ќе биде позитивно и за нив и за оние кои ќе прифатат да работат, затоа што поради ниските пензии ќе им донесе дополнителен приход, но и за државата. Во завсиснот од можностите ќе бидат ангажирани на полесни работни позиции. Вели дека и низ годините тие ангажирале одреден број на пензионери со договор на дело, но оти сега законски се регулира ова прашање. Сепак проблемот угостителите ќе се обидат да го ублажат и со увоз на работници од странство.

„За работници од трети земји јас се уште немам, а поголемите хотели имаат. Но трошоците за еден вработен од овие земји би чинело од 1000 до 1200 евра, за  сместување, храна, плата, осигурување. Можеби е подобро да ги инспирираме домашните работници, тие 1000 евра да им ги дадеме на нив, па да пробаме, иако овој тренд на заминување не е веќе за пари. Така да не знам колку ќе биде ефикасно, но мора да пробаме“, рече Ерхан Папранику, сопственик на хотел во Струга.

Минатата година тоа се покажа како неуспешно, бидејки добар дел од оние кои дојдоа од Непал, Бангладеш, Филипини, среде туристичка сезона, без најава преку ноќ си заминуваа, најчество во Западна Европа. Според податоците на Хрватското минустерството за внатрешни работи само во 2023 година во Хрватска работеле, 13.412 работници од Македонија, додека  оваа 2025 година се очеклува тој број да надмине 15.000. Според туристичкиот сектор на Охрид и Струга во текот на главната туреистичка сезона им недостасуваат околу 7000 работници.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button