ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за употреба на јазиците ќе треба да се усогласи со новите измени на Законот за инспекциски надзор

Законот за употреба на јазиците ќе треба да се усогласи со новите измени на Законот за инспекциски надзор

Како и сите инспекторати во земјава, со последните измени на Законот за инспекциски надзор, и Инспекторатот за употреба на јазиците е принуден да го изгуби правниот статус, иако тоа го гарантираат Законот за употреба на јазиците и Законот за инспекторатот за употреба на јазиците.

Advertisements

Конкретно, во член 20 став 1 од Законот за употреба на јазиците, јасно се наведува дека Инспекторатот кој врши надзор над целосното и доследно спроведување на одредбите од овој закон е дел од Министерството за правда, но во својство на правно лице.
Истото се повторува и во посебниот Закон за инспекторатот за употреба на јазиците во кој се нагласува дека Инспекторатот има статус на правно лице.

Запрашани во Министерството за правда како ќе го земат Инспекторатот под своја надлежност, кога неговиот статус е регулиран со два посебни закона, од таму рекоа дека Законот за употреба на јазиците и Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се усогласат со Законот за инспекциски надзор.

„Законот за употреба на јазиците ќе треба да се усогласи со новите измени на Законот за инспекциски надзор, а министерствата се обврзани да ги преземат правата и обврските најдоцна три месеци од денот на стапувањето во сила на Законот за инспекциски надзор. Инспекторатот за употреба на јазиците ќе има еднаков статус со сите инспекторати во државата, кои во моментов ќе функционираат како органи во министерствата„, велат од Министерство за правда.

Според член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, во надлежност на Министерството се преземаат вработените, но и целиот движен и недвижен имот, подмирувањето на обврските, работниот алат, но и сите права и обврски кои произлегуваат од договорите за инспекциска служба. Во овој случај, Инспекторатот ќе продолжи да работи како орган во рамките на министерството, но без статус на правно лице. Тоа значи дека Инспекторатот нема да има сопствена буџетска сметка, а нема да може самостојно да спроведува постапки за јавни набавки и вработувања, ниту да одлучува за правата и обврските од работниот однос.

Од Министерството за правда не појаснуваат дали планираат до Собранието да поднесат измени на Законот за инспекторатот за јазиците, со оглед на тоа дека таквите измени биле поднесени во април 2021 година, но не биле одобрени.

Истото, беше побарано дотичниот Инспекторат да биде еднаков по надлежности со сите други инспекторати, бидејќи во моментов е ограничен во однос на изрекување глоби. Во пракса, Инспекторатот само изрекува мерки, но Судот изрекува парични казни.

Според информациите на Алсат, во Кривичниот суд Скопје во одделението за прекршоци се блокирани над 30 предмети против оние кои го прекршиле Законот за употреба на јазиците. Досега никој во земјава не е казнет за прекршување на Законот за употреба на јазиците и покрај тоа што законот стапи на сила пред шест години./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button