ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законски измени за да се запре новото покачување на функционерските плати

Законски измени за да се запре новото покачување на функционерските плати

Засега не се знае дали навреме ќе стигнат законските измени од пакетот закони со кои се регулираат платите на функционерите кои од март може да имаат фрапантно покачување. Во последните три дена од февруари од пратеничката група на СДСМ порача дека се подготвуваат измените бидејќи не наишле на одобрување од ДУИ во владата. Социјалдемократите велат дека има време до крајот на март да се донесат овие закони и тие ќе бидат со брза постапка.

Доколку овие законски измени не се изгласаат до крајот на март, покачувањето на платите на функционерите, во зависност од позицијата на која се ќе се движи од 300-500 евра. Ова покачување ќе биде редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја симна фиксната основица, па сега со зголемувањето на минималната плата ќе се зголемат платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците на општините, односно вкупно 1.260 функционери./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button