
Закрепнувањето на бизнисите по последователни кризи оди многу тешко. Занаетчиите и сопствениците на бизниси во Старата скопска чаршија велат дека едвај преживуваат. Некои се жалат дека профиот им е опаднат и до 80 отсто, и затоа многу продавници се заклучени.
„Како кројач од 1996 година имам продавница, прометот ми се намали за околу 80 отсто ,дојде различна гардероба од странство, па ни падна работата, ретко кој шие, најчесто се бара да направиме некаква поправка. Не верувам дека ќе се подобри. Населението во Европа се полни, овде се празни, овде доаѓаат само туристи, не знам што ќе биде“, вели еден кројач.
„Кризата беше толку длабока што е краток периодот да може да се зборува за излез од оваа ситуација, со сите владини трендови, планови и проекти за закрепнување на економијата, се уште не забележуваме влијание врз потрошувачот и продавачите. Сè уште се соочуваме со длабока криза, дај Боже да ја надминеме побрзо, но тоа трае малку подолго“, додава еден занаетчија.
Претседателот на Еснафот во чаршијата, Бујар Дулови, вели дека по последователните кризи и бројните тешкотии, состојбата полека почнала да се стабилизира. Тој се согласува дека малите бизниси сè повеќе исчезнуваат, и дека заработуваат најмногу од странските туристи.
„Посетителите, особено оние кои доаѓаат кај нас од Европа, тие се добра инфузија за сите наши бизниси, бидејќи тие се најголемите потрошувачи. Чаршијата со својата околина, со населението што е овде, капацитетите се прилично слаби за да можеме да одржиме кој било бизнис … Иселениците се најмоќниот механизам што поместува и зарѓан вагон, како што велиме , но не треба да ги негираме и домашните посетители кои не одржуваат во животот. Дневните потрошувачи не одржуваат во живот за да не умреме, но за да се кренеме на нозе се иселениците”, вели Дулови.
Дулови рече дека се прават напори да се привлечат што повеќе посетители во Старата скопска чаршија, и да им се помогне на малите бизниси.
Ајнур Бафќари